Достапни линкови

logo-print

Денеска завршува изборната кампања


Кампањата за предвремените парламентарни и за вториот круг претседателски избори завршува денеска на полноќ. Коалициите и политичките партии вечерва одржуваат завршни митинзи во пресрет на утрешниот молк пред вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори закажани за в недела.
За предвремените парламентарни избори поднесени се 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот.
На претседателските избори граѓаните ќе можат да избираат меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и досегашен претседател Ѓорге Иванов и на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Иванов на првиот круг од изборите на 13 април освои 449.442 гласови, а Пендаровски 326.164 гласа.
Утре гласа дијаспората, затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќните лица.
XS
SM
MD
LG