Достапни линкови

logo-print

Обама во посета на Јужна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама отпатува во Јужна Кореја во рамки на неговата турнеја низ Азија. Неговата посета на Сеул доаѓа во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја. Пред неколку денови јужнокорејски претставници изјавија дека веруваат оти Пјонгјанг може да спроведе тест за нуклеарно оружје во секој момент. По разговорите со јужнокорејскиот претседател Обама ќе ги посети американските трупи во Кореја, а потоа патува за Малезија. Вчера Обама престојуваше во посета Јапонија.
XS
SM
MD
LG