Достапни линкови

Пакистан- 37 убиени во напади кај границата со Авганистан


Во воздушни напади врз бунтовничките скривалишта во близина на границата со Авганистан загинале 37 милитанти, а 18 биле повредени. Во нападот во северозападниот регион, каде што се активни талибанците учествувале и копнените сили. Пакистанската армија соопшти дека нападите биле одговор на серијата неодамнешни напади врз полицијата и врз цивили во Исламабад и Пешавар. Пакистанските талибанци формално стави крај на 40-дневниот прекин на огнот минатата недела откако мировните преговори со владата се одолжија.
XS
SM
MD
LG