Достапни линкови

Завршува Самитот ЕИ- Источно партнерство во Прага


Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека верува оти Програмата на Источното партнерство на Европската унија треба да помогне за смирување на тензиите во Украина. Земан дополни дека е загрижен оти Украина, која е член на програмата, се соочува со закана од руската инвазија и од граѓанска војна. Тој ова го кажа вчера на првиот ден од дводневниот состанок во Прага посветен на Источното партнерство во ЕУ. Лидерите на повеќето од земјите членки на Партнерството се присуствува на состанокот во Прага. Украина го испрати министерот за надворешни работи. Белорусијаго го бојкотира собирот бидејќи претседателот Aлександар Лукашенко не беше поканет.
XS
SM
MD
LG