Достапни линкови

Времето денеска -облачно со дожд






Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне со услови за поинтензивни врнежи проследени со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне нестабилно со услови за поројни врнежи и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе продолжи период на променливо облачно време со почести врнежи на дожд кои наместа особено во попладневните часови ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
XS
SM
MD
LG