Достапни линкови

Израел ги прекинува мировните преговори со Палестинците


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел соопшти дека ги прекинува мировните преговори со Палестинците како одговор на плановите за формирање влада на национално единство меѓу Хамас и Палестинската ослободителна организација. Во денешното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека владата едногласно одлучила дека нема да преговара со палестинска влада поддржана од Хамас, за која се наведува дека е „терористичка организација што повикува на уништување на Израел“. Во соопштението се наведува дека Тел Авив планира низа мерки како одговор на палестинскиот чекор.
XS
SM
MD
LG