Достапни линкови

Откривање на фактите за убиствата на Ерменците пред 100 години


Американскиот претседател Барак Обама повика на целосно и искрено признание на фактите за масовните убиства на Ерменците од страна на Отоманската Империја во Првата светска војна, посочувајќи дека тоа е во сечиј интерес. Тој ова го кажува во денешното соопштение по повод Денот на сеќавањето, на 99-годишнината од почетокот на убиствата и депортациите во кои загинаа околу 1,5 милиони Ерменци. Ерменија ги смета убиствата за геноцид, но Турција не се согласува, велејќи дека во борбите биле убиени и илјадници Турци. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изрази сочувство за жртвите, велејќи дека „тие се наша заедничка болка“. Ерменскиот претседател Серж Саркисјан го осуди Ердоган затоа што сепак не признал дека се работи за геноцид. Повеќе од 20 земји ги признаваат масовните убиства на Ерменците како геноцид, но не и САД.
XS
SM
MD
LG