Достапни линкови

logo-print

Нова истрага за смртта на украински политичар од 1999 година


Гробот на украинскиот политичар Вјачеслав Чорновил.

Гробот на украинскиот политичар Вјачеслав Чорновил.

Регионалниот апелационен суд во Киев денеска му нареди на обвинителството да ја продолжи истрагата за смртта на украинскиот политичар Вјачеслав Чорновил од пред 15 години. Со тоа Апелациониот суд ја поништи одлуката на Окружниот суд од јануари, според која случајот се затвора. Чорновил водеше кампања за претседателските избори на кои му беше противкандидат на тогашниот претседател Леонид Кучма, кога во 1999 година загина во сообраќајна несреќа. Министерството за внатрешни работи веднаш соопшти дека Чорновил загинал во несреќен случај, но неговите роднини се сомневаа во официјалната верзија и во 2011 година беше отворена нова истрага. Семејството на Чорновил бара истрагата да се води како да се работи за убиство. Неговиот син Тарас вели дека семејството верува оти постојат документи и други докази кои ќе покажат дека смртта на неговиот татко не била несреќан случај.
XS
SM
MD
LG