Достапни линкови

logo-print

Аудио снимка за убиството на украински политичар


Украинската Служба за државна безбедност објави аудио снимка, наводно од осомничените за убиството на локалниот политичар Володирим Рибак, кој беше член на владејачката партија Татковина. На аудио снимката објавена денеска се слушаат тројца мажи кои разговаат за „неутрализирање“ на Рибак и за тоа како да се ослободат од неговото тело. На снимката, според украинската служба, се слушаат гласовите на еден руски државјанин, потполковникот Игор Безлер и на самопрогласениот „народен градоначалник“ на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов.

В.д претседателот на Украина Олександр Турчинов изјави дека Рибак бил „брутално мачен“. Турчинов нареди воена операција против проруските сепаратисти во источна Украина, откако телото на Рибак беше најдено оваа недела во близина на градот Славјанск.

Убиениот Рибак беше погребан денеска во неговиот роден град Хорливка. Неговата сопруга рече дека тој бил неколку пати прободен со нож.
XS
SM
MD
LG