Достапни линкови

Продолжен домашниот притвор за Навални


Рускиот антикорупционер и опозиционер Алексеј Навални.

Рускиот антикорупционер и опозиционер Алексеј Навални.

Судот во Москва го продолжи домашниот притвор за рускиот антикорупционер и опозиционер Алексеј Навални за шест месеци. Истражителите на денешното сослушување побараа притвор за Навални, кој заедно со неговиот брат Олег, е обвинет дека измамил две компании кои биле клиенти на нивната транспортна фирма. Сепак, на блогот на Навални завчера се појави информација дека една од фирмите, козметичкиот гигант Ив Рошер, му пишала на обвинителството дека не е измамена и оти не претрпела никаква штета. Навални, кој веќе два месеци е во домашен притвор поради друг случај, ги негира обвинувањата и се жали дека му е оневозможен пристап до интернет затоа што обвинителството сака да спречи објавување на писмото од Ив Рошер.
XS
SM
MD
LG