Достапни линкови

logo-print

Жерновски - Милионската ограда се крие во депо


Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, обвини дека власта ја крие милионската ограда за мостот Слобода во Скопје за да не им одземе гласови на изборите.

Покажувајќи, како што тврди, фотографии од веќе завршената ограда на мостот Слобода снимени во одредено депо на територијата на градот Скопје, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски го постави прашањето зошто градските власти ја кријат оградата и зошто не ја покажуваат пред изборите, за како што вели, се види каде се трошат парите на граѓаните. Зошто се крие, кој ја крие оградата наменета за мостот „Слобода“ за која градоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе биде комплетно готова годинава, праша денеска Жерновски.

„Се поставува отворено прашањето дали е ова повеќемилионската ограда, за која што ни кажуваат како јавност дека не е готова, дека ја нема и дека допрва треба да се прави“, рече тој.
Ова не е фото-монтажа и тоа може да се докаже, како што велат тие, со вештачење.

Жерновски ја праша власта колку чини оваа ограда, еден два или повеќе милиони евра и дали таа се крие со цел да не ја чини власта гласови на претстојните избори.

„Прво ќе ги замолам да не одговараат како она што го слушаме деновиве дека се работи за фото-монтажа. Ова не е фото-монтажа и тоа може да се докаже, како што велат тие, со вештачење“, ѝ се обрати на власта Жерновски од мостот кај Холидеј Ин.
Нема никакво тајно депо каде што се кријат делови од оградата. Наводните „тајни“ фотографиите коишто ги презентираа се направени во леарницата на РЖ Институт каде што и се лие оградата.

Мостот за кој станува збор, градоначалникот Коце Трајановски неодамна најави дека годинава ќе биде комплетно готов. Досега, како што информираа градските власти, целосно е реконструиран коловозот на мостот, пешачко-велосипедските патеки и долната конструкција на објектот. Останува да се заврши обновата на осветлувањето и поставувањето на оградата.

Нејзината изведба е поспецифична од оградите на другите мостови, па затоа, како што објаснуваа од Градот, „довршувањето“ на мостот кај „Холидеј ин“ се реализира побавно. Поголем дел од новата ограда на скопскиот мост „Слобода“ е веќе изработена, а нејзиното поставување треба да се реализира во текот на летните месеци, информираа од Градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во изјава за медиумите рече и дека во тек е лиењето на кованата ограда и на канделабрите, за кои пред една и пол година биле издвоени 70 милиони денари или околу 1,15 милиони евра.

Жерновски на денешната прес-конференција рече и дека овие последни суми со кои излезе градот се прилагодени пред избори и дека е нејасно кои изнесени суми досега се точни.

Од Градот Скопје реагираат дека обвинувањата на Жерновски дека оградата за мостот Слобода во Скопје се крие во депо се сеење магла и потценување на граѓаните. Тие велат дека воопшто не ја кријат оградата, туку оти е во фаза на изработка, односно лиење ќе почне да се поставува штом биде целосно готова.

„Нема никакво тајно депо каде што се кријат делови од оградата. Наводните „тајни“ фотографиите коишто ги презентираа се направени во леарницата на РЖ Институт каде што и се лие оградата“, стои во реакцијата на Град Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG