Достапни линкови

Путин - Украинската влада прави злосторство против сопствениот народ


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека распоредувањето на армијата од страна на Киев во источна Украина претставува „сериозен криминал против сопствениот народ“ и оти ќе има последици. Украина денеска започна акција за враќање на контролата врз градот Славјанск, каде што досега се јавува за петмина убиени сепаратисти. Зборувајќи на собир во Санкт Петерсбург, Путин денеска ја оцени офанзивата како „казнена операција“ и ја нарече прозападната влада во Киев „хунта“ или „клика“. Тој рече дека санкциите што западот ги воведе против Русија поради нејзината вмешаност во кризата во Украина имаат влијание на економијата, но оти тоа влијание не е критично. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД треба да го искористат своето влијание да го убедат Киев да ги исполни своите обврски од договорот во Женева постигнат минатата недела.
XS
SM
MD
LG