Достапни линкови

Димовски - СДСМ прави фалсификати со осудени криминалци


Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Аболицираниот за криминал од 8 милиони евра Зоран Заев се здружил со осудениот за криминал од Врховниот суд Загорец Тумбовски, реагира директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. СДСМ претходно презентираше потврда каса прими, според која Тумбовски во 2006 година на ВМРО-ДПМНЕ им дал 80 илјади евра во кеш. Владејачката партија реагира дека потврдата е фалсификат. Тумбовски синоќа во интервју за телевизијата Телма, рече дека не дал 80, туку дури 500 илјади евра во кеш и оти парите ги примила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која тогаш беше генерален секретар на партијата.

Димовски посочува дека Загорец Тумбовски е осуден за фалсификување документи, за перење пари и за даночно затајување од страна на Врховниот суд на шест години затвор и тоа во време на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се здружиле една дузина осудени, гонети и аболицирани за тешки криминали од повеќе милиони евра и монтираат, фалсификуваат, лажат и бегаат“, рече Димовски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на интервјуто на Тумбовски за Телма, Димовски посочи дека е нормално лице што е осудено во време на ВМРО-ДПМНЕ да е против партијата. Според него, целиот случај е добро воиграна, фалсификувана и монтирана приказна.

Јанкулоска претходно рече дека човекот што ја обвинува е осуден на шест години затвор и е во бегство.
XS
SM
MD
LG