Достапни линкови

Ештон повика на почитување на женевскиот договор


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ги повика сите страни што го потпишаа да се придржуваат кон женевскиот договор за намалување на тензиите во Украина. Договорот беше потпишан на 17 април од Ештон и од страна на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и на САД, но само неколку од договорените мерки се спроведени досега. Во денешното соопштение, Ештон исто така наведува дека киднапирањето, тортурата и убиството на двајца мажи во источна Украина, вклучувајќи го и локалниот политичар Володимир Рибак, се „причина за сериозна загриженост“. Таа повика на независна и транспарентна истрага. Ештон бара „сите лица што нелегално се уапсени од вооружените групи во источна Украина итно да бидат ослободени, независно дали се новинари, локални лидери или обични граѓани.
XS
SM
MD
LG