Достапни линкови

Партиски молк за случајот Тумбовски


Опозициската СДСМ објави документ со кој се обвинува владејaчката ВМРО-ДПМНЕ за корупција.
Опозициската СДСМ објави документ со кој се обвинува владејaчката ВМРО-ДПМНЕ за корупција.

Некои од партиите не сакаат да коментираат за случајот со Загорац Тумбовски, велат не е време пред избори да се зборува за тоа, други велат дека никој не е недопирилив и случјаот треба да се изведе на виделина, трети пак велат дека никаде во светот на осуденици за тешки кривични дела не им се дава таков публицитет.

Писмото на Загорац Тумбовски е монтажа, а телефонскиот разговор со него кој беше објавен на Телма е непрофесионален и неетички затоа што не се знае како телевизијата стапила во контакт со осуденик, кој е во бегство. Вака ВМРО- ДПМНЕ реагираше на сведочењето на Тумбовски дека и дал пола милион евра во кеш на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска наменети за партијата. Но, од владејачката партија не одговорија дали наводите се точни.
Обвинувањето е до друга политичка партија и навистина сметам дека на два дена пред избори да влеземе во меѓупартиски препукувања, ниту е наш стил на комуникација, ниту имаме време.
Бујар Османи, портпаролот на ДУИ.


Претходно СДСМ ја обвинија и ја прашаа ВМРО-ДПМНЕ како дошла до имот вреден од 1,6 милиони евра во изминатите месеци.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, не сакаше да ги коментира наводите.
Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.


„Обвинувањето е до друга политичка партија и навистина сметам дека на два дена пред избори да влеземе во меѓупартиски препукувања, ниту е наш стил на комуникација, ниту имаме време.“

Претседателот на НСДП Тито Петковски вели дека не може ВМРО-ДПМНЕ да најде противаргументи за криминалот кој со години го прави. Според него, никој не смее да мисли дека е недопирлив и кога тогаш незаконитото работење ќе излезе на виделина.
Се работи за пропагандна или црна кампања. Мислам дека не е време да се користи такви случаи кои се осудени со правосилна одлука, да се вклучат во изборна кампања.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.


„Реалноста е дека неговото владеење се темели на криминал, на корупција, на закани, за затварање и жестоката пресметка што ја води практично од почетокот од своето појавување на политичката сцена Груевски има за цел само колку може повеќе да го сокрие трагот на своето криминално владеење.“

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, чија партија е во владината коалиција вели дека никаде во светот на осуденици за тешки кривични дела не им се дава таков публицитет.

„Се работи за пропагандна или црна кампања. Мислам дека не е време да се користи такви случаи кои се осудени со правосилна одлука, да се вклучат во изборна кампања. Сепак е неодговорно и неприфатливо, кој ќе провери дали тој што тоа го зборува, дали е точно или не е точно. Што ако се покаже после избори, дека тоа не е точно?“

Во однос на обвинувањата на СДСМ Трајанов вели дека не е запознаен со случајот.

„Партијата смета дека треба да купи имот за да функционира како партија, но не знам дали се точни, ако тоа е се регуларно, тука нема ништо спорно.“

Петковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се соочи со своето криминално владеење.

„За мене никогаш нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ владее незаконски и дека доаѓа на власт врз основа на незаконски постапки, механизми, користење на државни ресурси и истурање на пари за партиски цели, а не за државата.“

За коментар ги побаравме и ВМРО Народна партија кои ни соопштија дека претседателот Љубчо Ѓорѓиевски не е во Скопје и дека не сака телефонски да дава изјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG