Достапни линкови

Лавров го обвини Западот за смената на режимот во Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини западот за поттикнување на револтот, кој доведе до, според него, неуставната промена на режимот во Украина. Зборувајки денеска на московскиот државен Институт за меѓународни односи, рече дека Соединетите Држави и Европската Унија дејствувале за нова фаза од портокаловата револуција во Украина со отстранување на претседателот Виктор Јанукович. Тој оцени дека Украина била искористена како пион во гео-политичката игра против Русија.
XS
SM
MD
LG