Достапни линкови

Уште еден изчезнат новинар во источна Украина


Уште еден новинар изчезнал во регионот на Доњецк, Украина. Комитетот за заштита на новинарите, повикувајки се на украински медиуми, објави дека новинарот на украинскиот весник Репортер, Јевген Хепих, изчезнал на 22-ри овој месец, по извештајот за тензиите меѓу сепаратистите и безбедносните сили во Артјомовск. Про – руските сили, во Словјанск, уапсија неколкумина новинари, вклучувајки и државјани на Соединетите Држави, Франција, Италија и Белорусија. Сете се ослободени, освен, американскиот репортер Симон Островски од Вајс Њуз, кој сеуште не е на слобода. Комитетот за заштита на новинарите ги повика и украинските власти и про-руските милитанти, да им ја гарантираат безбедноста на новинарите.
XS
SM
MD
LG