Достапни линкови

Руски сепаратисти нападнале воена база во источна Украина


Украинската влада соопшти дека во текот на изминатата ноќ била нападната една воена база во местото Артемивск, во источна Украина, на што било возвратено. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков напишал на Фејсбук денеска дека во нападот учествувале околу 70 про-руски сепаратисти, при што еден војник бил ранет. Про-руски активисти и маскирани вооружени лица, веќе две недели, држат под окупација државни институции во повеќе места во источна Украина.
XS
SM
MD
LG