Достапни линкови

Обама: Русија не се придржува до договорот од Женева


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Русија не се придржува до последниот договор од Женева, наменет за де-ескалација на кризата во Украина. Говорејќи вчера во Јапонија, Обама рече дека барем досега, Москва не презела мерки за спроведување на договорот. Тој додаде дека ако Русија не ги исполни условите од договорот, САД ќе ги засилуваат санкциите.
На 18 април Украина, Русија, САД и ЕУ постигнаа договор според кој илегалните вооружени групи ќе се разоружаат и јавните згради ќе бидат напуштени. Освен тоа, Киев ќе понуди амнестија за демонстрантите кои ќе го предадат нивното оружје и ќе ги напуштат јавните објекти.
XS
SM
MD
LG