Достапни линкови

Почнува судски процес против Алексеј Навални


Судот во Москва се очекува денеска да го почне сослушувањето во случајот за измама против рускиот активист, блогер и опозициски политичар Алексеј Навални. Со денешното сослушување ќе почне процесот на Навални и неговиот брат Олег, обвинети за измама на две компании кои биле клиенти на транспортната компанија во сопственост на двајцата браќа.
Според последниот блог на Навални, од пред два дена, една од тие две компании, козметичкиот гигант Ив Роше, му пишала на обвинителот дека не била измамена и не била изложена на никаква штета.
Навални, кој се наоѓа во домашен притвор во врска со друг случај, изјави дека му бил оневозможен пристап до интернет поради напорите на обвинителите да го спречат да го објави писмото на Ив Роше.
XS
SM
MD
LG