Достапни линкови

ОН: милиони Сиријци без пристап до странската помош


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека милиони Сиријци сеуште немаат пристап до странската помош и покрај тоа што Советот за безбедност усвои резолуција за тоа уште пред два месеца. Во извештајот објавен вчера, Бан истакнува дека околу 3 и пол милиони Сиријци немаат пристап до основните работи и услуги, вклучувајќи соодветна медицинска нега.
Извештајот ги обвинува сите страни во сирискиот конфликт за проблемите, но особено ја критикува владата на претседателот Башар ал Асад.
Во извештајот на Бан се додава дека и владата и бунтовничките сили одбиле да ги укинат опсадите на цивилното население за да му овозможат пристап до хуманитарните работници.
Сириската влада дозволи влез на хуманитарните конвои само на еден од осум гранични премини, колку што бараа ОН.
Според ОН, во градот Алепо има само 40 лекари кои опслужуваат 2 и пол милиони граѓани.
XS
SM
MD
LG