Достапни линкови

Во Романија „портокалова“ тревога од поплави


Националната метеоролошка администрација на Романија издаде предупредување за „портокалов код“ за опасност од поплави од изутринава за реките во јужните окрузи. Вицепремиерот Ливиу Драгнеа, кој претседавашe со седницата на штабот за вонредни ситуации, изјави дека вестите воопшто не се добри што се однесува до метеоролошката прогноза. Драгнеа им даде рок од два часа на окрузите да испратат во Инспекторатот за вонредни ситуации план за дејствување, со цел да се избегне повторно поплавување на населените места, што беа погодени од водената стихија пред неколку дена.
Четири лица загинаа, петмина се водат како исчезнати, а стотици беа евакуирани кон крајот на минатата недела во јужните окрузи на Романија, кои беа засегнати од поплави по поројните дождови.
XS
SM
MD
LG