Достапни линкови

Американски дипломат: Москва не го спроведува женевскиот договор


Даниел Баер, амбасадор на САД во ОБСЕ

Даниел Баер, амбасадор на САД во ОБСЕ

Висок американски дипломат ја критикува Москва поради неспроведување на обврските од договорот што беше постигнат во минатата недела во Женева за стивнување на конфликтот во Украина. Американскиот амбасадор во ОБСЕ Даниел Баер вчера во Брисел изјави дека Русија мора конструктивно да се ангажира во имплемантацијата на женевскиот договор. Досега не може да се види тоа, рече тој. Баер додаде дека спроведувањето, кое вклучува разоружување на нелегалните формации, треба да трае со денови, а не со недели.
Тој ја повика Москва да соработува со посматрачката мисија на ОБСЕ која го надгледува договорот, како и да испрати висок дипломат да помогне на ОБСЕ да ги убеди про-руските милитантни формации во источна Украина да ги напуштат окупираните јавни згради.
XS
SM
MD
LG