Достапни линкови

Киев ја поврати контролата врз град во источна Украина


Илустрација.

Илустрација.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили „го ослободиле“ градот Свјатохирск на истокот на земјата, кој беше под контрола на проруските сепаратисти. Во соопштението се наведува дека никој не бил повреден во операцијата и оти полицијата сега патролира на улиците на градот. Свјатохирск е во близина на градот Славјанск, кој исто така е под контрола на бунтовниците. В.д. претседателот на Украина Олександр Турчинов вчера најави продолжување на „антитерористичката“ операција против проруските групи на истокот на земјата.
XS
SM
MD
LG