Достапни линкови

logo-print

Русија ги обвини Украина и САД за искривување на женевскиот договор


Проруски сепаратисти во Краматорск.

Проруски сепаратисти во Краматорск.

Русија ги обвини украинската влада и САД за искривување на женевскиот договор што беше потпишан минатата недела заради намалување на тензиите во Украина. Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение наведува дека Киев и Вашингтон ги игнорираат провокативните активности од украинските националисти. Женевскиот договор беше потпишан од САД, Русија, Украина и од ЕУ на 17 април. Според договорот, сите вооружени групи во Украина треба да го предадат оружјето и да ги напуштат јавните згради што ги окупираа. Руското Министерство за надворешни работи наведува дека Москва сè уште верува дека западот е сериозен во воспоставувањето мир во Украина, но оти „фактите го покажуваат спротивното“. Тие го повторуваат повикот на Москва за итно повлекување на украинските воени единици од југоисточна Украина и за почеток на инклузивен договор.
XS
SM
MD
LG