Достапни линкови

Косово донесе закон за специјалeн суд за воени злосторства


Косовското собрание денеска ги потпиша законите за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС и формирање специјален суд за истрага на воените злосторства извршени од припадници на ОВК, а кои се наведени во извештајот на Дик Марти. Законите беа изгласани со 89 пратеници „за“, 22 „против“ и двајца воздржани. Според усвоениот закон, мисијата на ЕУЛЕКС на Косово е продолжена до јуни 2016 година со исклучок на специјалната истражна работна група, која е основана во 2011 година, за истрага на воените злосторства што се споменуваат во извештајот на Дик Марти, а сега тие задачи се предаваат на специјален суд.
XS
SM
MD
LG