Достапни линкови

САД загрижени поради киднапирањето американски новинар во Украина


Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е „длабоко загрижен“ поради наводите дека американски новинар е киднапиран од проруските сепаратисти во Украина. Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки денеска ја повика Русија „да го искористи влијанието врз овие групи да обезбеди итно и сигурно ослободување на сите заложници во источна Украина“. Американскиот новинар Сајмон Островски наводно е држен од проруските сепаратисти во Славјанск. Портпаролката на бунтовниците Стела Хорошева изјави дека Островски е задржан поради „лошо однесување“, кое не беше прецизирано. Сепак, локалниот лидер на бунтовниците во Славјанск, Вјачеслав Пономаров, изјави дека Островски „не е притворен, не е киднапиран и не е уапсен“ и оти тој работи во една од зградите окупирани од бунтовниците.
XS
SM
MD
LG