Достапни линкови

logo-print

Гласаат оние кои треба да ги спроведат изборите во дијаспората


Илустрација.

Илустрација.

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска се одвива гласањето на избирачкото место 5050 на членовите на избирачките одбори кои в сабота треба да го спроведат гласањето за вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори закажани за в недела. Запишани во избирачкиот список на ова избирачко место се 326 лица.

Оваа бројка е зголемена во споредба со првиот круг од претседателските избори кога беа 294, имајќи предвид дека во Венеција, Берн и во Виена се формира уште по едно избирачко место поради зголемувањето на бројот на гласачите. Во дијаспората на предвремените парламентарни избори ќе гласаат 27.828 гласачи, додека за вториот круг од претседателските 8.332.

За предвремените парламентарни избори во ИЕ 7 (Европа и Африка) може да гласаат 18.911 македонски државјани, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534 македонски државјани имаат право на глас.

За вториот круг од претседателските избори во ИЕ 7 треба да гласаат 5.892 македонски државјани, во ИЕ 8 - 1.426 и во деветката - 1.014.
XS
SM
MD
LG