Достапни линкови

logo-print

Замолчување на неистомислениците во Азербејџан


Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс.

Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс.

Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс, остро ги критикуваше азербејџанските власти за влошување на основните човекови права и слободи во земјата. Тој рече дека Баку не направил ништо за подобрување на состојбите со слободата на говор, слободата на собирање и здружување и сопственичките права во Азербејџан. Тој наведе неколку случаи на затворање, прогонување или дискредитирање на азербејџански новинари и блогери критички настроени кон владата. Муижниекс искажа критики и за Законот за клевета, за кој критичарите велат дека често се користи за замолчување на неистомислениците. Тој изрази загриженост и поради затворањето на Анар Мамадов, лидер на независна организација за набљудување на изборите и на опозициските лидери Илкар Мамадов и Тофик Јакублу.
XS
SM
MD
LG