Достапни линкови

logo-print

Одложено објавувањето на резултатите од изборите во Авганистан


Авганистанската Независна изборна комисија соопшти дека ќе го одложи објавувањето на конечните резултати од претседателските избори што се одржаа на 5 април. Комисијата денеска соопшти дека им се потребни уште два дена да ја завршат истрагата за изборни нерегуларности и да дозволат повторно пребројување на гласачките ливчиња.

Конечните резултати треба да бидат објавени на 26 април.

Последните резултати покажаа дека поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула е во водство со освоени 44,4 отсто, пред поранешниот министер за финансии Ашраф Гани кој освои 32,2 проценти од гласовите.

Ако ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе има втор круг на кој ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг.

Во меѓувреме, Авганистанската Изборна медиумска комисија соопшти дека казнила 13 телевизии и една радио станица за прекршување на законите за медиуми и пристрасно известување за изборите.
XS
SM
MD
LG