Достапни линкови

Продолжува потрагата по исчезнатите во Јужна Кореја


Потрагата по исчезнатите патници од бродската катастрофа во Јужна Кореја влезе во втората недела.

Над 150 луѓе се уште се водат за исчезнати, а најмалку 146 луѓе се загинати досега.

Официјален претставник на владата изјави дека потрагата станува се потешка, бидејќи нуркачите мора да се пробиваат низ ѕидовите на кабините за да дојдат до телата на настраданите.

Повеќето од жртвите се ученици на едно средно училиште во близина на Сеул.
XS
SM
MD
LG