Достапни линкови

logo-print

Лидер на кримските татари не побарал руско државјанство


Лидерот на Меџлисот на кримските татари Рефат Чубаров го отфрли шпекулациите дека има намера да бара руско државјанство.

Неговиот коментар доаѓа по вчерашната вест дека на лидерот на кримските татари Мустафа Џемилев му беше забрането да влезе на Крим.

Тој изјави дека про – руската влада на Крим води кампања против кримските татари, велејки дека многу од нив го загубиле работното место затоа што одбиле да аплицираат за руски пасош.

Русија минатиот месец го анексираше Крим, што не е прзанато од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG