Достапни линкови

САД испраќаат 600 војници во Полска и на Балтикот


Пентагон соопшти дека денеска испраќа околу 600 војници во Полска и балтичките држави. Станува збор за американските сили со седиште во Италија кои ке бидат на вежби за патролирање во Полска, Естонија, Латвија и Литванија во следните неколку месеци.

Овој потег е превземен откако овие членки на НАТО на источниот крај на Алијансата побараа воено засилување по руската анексија на украински Крим. НАТО минатата недела соопшти дека Алијансата ќе ја зголеми моќта во воздух, на море и на копнени сили на териториите на источните членки на НАТО со цел да обесхрабри евентуална руската агресија.

Се верува дека Русија има распоредено илјадници трупи на границата со Украина. Москва соопшти дека нема намера воено да иунтервенира во Украина и го обвини Западот за кревање на тензиите.
XS
SM
MD
LG