Достапни линкови

Турчинов побара нови анти - терористички операции


Привремениот украински претседател Олександар Турчинов побара нови антитерористички операции против про - руските сили во источниот дел на Украина.

Овој повик на Турчинов доаѓа по смртта на политичарот Володомир Рибак од неговата партија во регионот на Славјанск и уште едено лице. Тие, како што е соопштено биле брутално мачени.

Про - руските милитанти го држат Славјанск и други источни градови и го игнорираат договорот од Женева потпишан минатата недела меѓу Украина, Русија, САД и Европската унија.
XS
SM
MD
LG