Достапни линкови

logo-print

Кери телефонски разговараше со Лавров и Јацењук


Американскиот државен секретар Џон Кери одржа одделни телефонски разговори со рускиот министер за надворешни работи и премиерот на Украина во врска со ситуацијата во источниот дел на Украина и спроведување на договорот постигнат во Женева минатата недела. Кери му пренесе на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Вашингтон е загрижен за неуспехот на Русија да се деескалира конфликтот и ја повика Москва да се воздржи од провокативната реторика. Тој ја повика Русија да изврши притисок врз про-руските сили во источниот дел на Украина да се разоружаат во замена за амнестија. Зборувајќи со украинскиот премиер Арсени Јацењук, Кери ја пофали украинската влада за чекорите што ги презела за спроведување на договорот од Женева, вклучувајќи го и напредокот на законот за амнестија и соработката со набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
XS
SM
MD
LG