Достапни линкови

logo-print

Украина : лидерот на ТГНС, Чубаров, ќе аплицира за руско државјанство


Шефот на главното самоуправна тело на кримските Татари,ТГНС изјави дека ќе аплицира за руско државјанство.
Рефат Чубаров вчера изјави дека ќе земе руски пасош, со цел да остане во Крим "заедно со својот народ."
Најавата на Чубаров дојде истиот ден кога лидерот на кримските Татари Мустафа Џемилев изјави пред новинарите дека му бил забранет влез на Крим пет години од де факто властите таму.
Џемилев ја обвини про-руската влада на Крим за водење кампања на репресија против кримските Татари, велејќи дека многу ги загубија своите работни места откако одбија да аплицираат за руски пасоши.
XS
SM
MD
LG