Достапни линкови

Украински авион погоден над Славјанск


Илустрација: Славјанск.

Илустрација: Славјанск.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека еден од нивните авиони за надзор денеска бил нападнат со малокалибарско оружје додека летал над градот Славјанск во источна Украина, кој е заземен од проруски сепаратисти. Авионот Антонов Ан-30 бил погоден со неколку куршуми за време на извидувачкиот лет. Пилотот успеал принудно да слета. Никој од посадата не бил повреден. Проруските бунтовници го држат Славјанск и неколку други градови во Украина и го игнорираат договорот од Женева постигнат минатата недела, кој беше потпишан од Русија, Украина, САД и ЕУ. Договорот предвидува разоружување и напуштање на заземените згради на јавната администрација.
XS
SM
MD
LG