Достапни линкови

logo-print

Путин бара подобрување на руската воена инфраструктура на Арктикот


Рускиот претседател Владимир Путин побара подобрување на руската воена инфраструктура на Арктикот. На денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност, тој рече дека во регионот треба да се создаде унифициран систем на поморски бази за бродови и подморници од следната генерација. Путин оцени дека светот динамично се менува и дека е „полн со нови ризици и предизвици за националните интереси на Русија, вклучувајќи го и Арктикот“. Рускиот претседател рече дека треба да се формира нова агенција која ќе ја спроведува руската политика во тој регион. Арктикот е еден од најбогатите региони во светот со наоѓалишта на нафта и гас. Во последните години, Русија го зголемува своето воено присуство на Арктикот, каде што има територијални спорови со други држави како Данска и Канада.
XS
SM
MD
LG