Достапни линкови

Димовски - Смешен фалсификат од страна на Заев


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднесе тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда. Зоран Заев на суд ќе треба да си бара оправдувања за своите лаги и конструкции и клевети со кои го клевети во минатите денови дека земал кеш 1,5 милони евра и разни други измислици. Ова на денешната прес-конференција во партиското седиште го изјави Илија Димовски, шеф на партискиот центар за комуникации.

„СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев дојдоа до дното. СДСМ се служи со фалсификати и лаги за да се спаси од огромниот изборен пораз. Во нивните постапки се гледа само очај, паника, страв, гнев и омраза“, рече Димовски.

Тој посочи дека документот кој денеска Зоран Заев го покажа е „класичен, груб, но и смешен фалисфикат“.

„Тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот е прогласен за неважечки уште во 2004 година“, рече Димовски.
XS
SM
MD
LG