Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ на конструктивни разговори во Доњецк


Главниот посредник на ОБСЕ Марк Етерингтон изјави дека одржал конструктивни разговори со лидерите на проруските сепаратисти кои окупираат јавни згради во градот Доњецк на истокот на земјата. Сепак, нема напредок во убедувањето на активистите да се разоружаат и да ги напуштат окупираните згради, како што е предвидено во женевскиот договор што беше потпишан минатата недела. Етерингтон вчера се сретна со проруските сепаратисти во Славјанск. ОБСЕ има мандат да го набљудува спроведувањето на договорот од Женева кој беше потпишан од страна на Украина, Русија, САД и ЕУ на 17 април. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за неспроведување на договорот.
XS
SM
MD
LG