Достапни линкови

Косовската Влада изгласа продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС


Косовската влада на денешната седница го усвои предлог-законот за договор со Европската унија за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС во Косово. Со документот е предвидено и формирање на специјален суд за истрага на воените злосторства во Косово извршени од поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Со тоа е создадена правна основа предлог-законот изработен од Министерството за правда на Косово да биде испратен во Парламентот, каде утре пратениците треба да се изјаснат.

Предлог-законот за договор на Косово со ЕУ предвидува продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово до јуни 2016 година со исклучок на специјалната истражна работна група. Специјалната истражна работна група е формирана во 2011 година поради истрагата за воени злосторства кои се спомнуваат во извештајот на Дик Марти, а сега за тоа е задолжен специјалниот суд.
XS
SM
MD
LG