Достапни линкови

Над две илјади азиланти во Србија во првиот квартал од годинава


Во Србија во првите три месеци од 2014 година 2.055 луѓе побарале азил, од кој најголемиот број се од Сирија - 947, изјави денеска директорот на Центарот за помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ.

Тој посочи дека ако трендот на азиланти продолжи, нивниот број до септември ќе достигне до 6.000 луѓе, што е повеќе од вкупната бројка од минатата година.
Тој истакна дека покрај Сиријците, азил во Србија во првиот квартал од годината побарале 250 Авганистанци, 237 државјани на Еритреја, 83 од Мали, 82 од Сомалија и 70 Суданци.
XS
SM
MD
LG