Достапни линкови

logo-print

СДСМ поднесува кривична пријава против Груевски


СДСМ денеска поднесува кривична пријава против премиерот Никола Груевски, информира на денешната прес-конференција, партискиот лидер Зоран Заев.

„Груевски со побараниот и примениот милионски кеш во случајот Македонска банка направил три тешки кривични дела, противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок“, рече Заев.

Тој информира дека пријавата ја поднесуваат до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со неа како доказен материјал е доставена и аудио снимката на којашто јасно се слушаат инструкциите на Груевски и неговата инволвираност во извршувањето на делата, вели Заев.

Тој исто така обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија на чие чело е Никола Груевски, во два наврати во 2006 година примило 30 и 50 илјади евра во кеш од извесен Тумбовски Загорец како донација, за што приложи, како што рече, потврда од ВМРО-ДПМНЕ дека парите се примени.

„Согласно финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ за 2006-та година и за годините потоа, вакви износи на партиската сметка не се евидентирани“, рече Заев и праша дали тие пари наместо во партијата завршиле во приватни џебови и дали Груевски знае дека според законот физичко лице не смее да донира повеќе од 5 илјади евра за партијата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска претходно, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за обвинувањата и клеветите изнесени од страна на Зоран Заев веќе е најавена тужба за клевета.

Според неа, Заев нејверојатно и сосема извесно е дека ќе добие можност да ја докажува автентичноста на аудио-снимката во судската постапка каде тој ќе биде тужен за клевета.
XS
SM
MD
LG