Достапни линкови

Руски опозиционер осуден за клевета


Рускиот антикорупционер и опозиционер Алексеј Навални.

Рускиот антикорупционер и опозиционер Алексеј Навални.

Окружниот суд во Москва го прогласи антикорупционерот и опозиционер Алексеј Навални за виновен за клевета. Московскиот општински функционер Алексеј Лисовенко го тужеше Навални, кој на Твитер го нарекол „зависник од дрога“. Според пресудата, тој треба да плати казна од 300 илјади рубљи, односно 8.350 долари. Навални е во домашен притвор од крајот на февруари поради учество на ненајавен митинг. Тој исто така е осуден на 5 години условна казна затвор за кражба, но тој ја смета пресудата за политички мотивирана.
XS
SM
MD
LG