Достапни линкови

Бајден вети американска поддршка за Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Киев.

Американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Киев.

Американскиот потпретседател Џо Бајден вети поддршка за Украина, која, како што рече, „се бори за својата иднина“. По средбата со украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Киев, Бајден исто така рече дека патот е тежок, но оти Украинците „нема да одат по тој пат сами“. Тој рече дека „има некои што се обидуваат да ја поделат Украина“, но оти Украина мора да остане обединета. Бајден исто така рече дека е време Русија да ги исполни обврските што ги презеде со женевскиот договор за завршување на кризата во источна Украина.

Јацењук, пак, рече дека претседателските избори во Украина мора да се одржат наредниот месец. Тој рече дека на земјата и треба легитимно избран претседател, сценарио кое Русија не го сака.
XS
SM
MD
LG