Достапни линкови

Медведев - Припејд гас за Украина


Рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Думата изјави дека Русија ќе го промени системот на плаќање за испораката на гас за Украина, ако Киев не си го плати долгот. Тој рече дека се планира да се воведе припејд модел за плаќање, што е „груба, но фер одлука“. Медведев исто така оцени дека се блеф најавите дека испораката на гас од САД може да ја намали зависноста на Европа од увоз на руски гас. Тој исто така рече дека руската економија се соочува со невообичаен притисок од проблематичната светска економија. Медведев додаде дека негативен ефект ќе имаат и, како што рече, дипломатската клима и домашните структурни прашања. Тој нагласи дека руската влада работи на минимизирање на ефектите од меѓународните санкции, воведени по руската анексија на Крим и оти сите социјални обврски ќе бидат исполнети.
XS
SM
MD
LG