Достапни линкови

Поглаварот на ИВЗ на Косово повика да не се оди во војната во Сирија


Поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика сите млади Косовци кои војуваат во Сирија и Ирак да се вратат во Косово, ветувајќи дека ИВЗ и косовските институции ќе им овозможат реинтеграција во општеството.
На гостувањето на косовската телевизија, Трнава рече дека во рамките на ИВЗ на Косово нема екстремни лица, потенцирајќи дека на таквите нема да им се дозволи да останат во неа ниту минута. Трнава сепак признава дека во Косово, по војната, повеќе имами проповедаат „поинаков ислам“. На боиштата во Сирија војуваат над 300 млади Косовци или околу 600 Албанци од Балканот, вклучувајќи ги и оние од Македонија.
XS
SM
MD
LG