Достапни линкови

logo-print

Во денешно време на масовни медиуми ништо не може да се скрие од граѓаните, а тоа што провладините медиуми не ги објавија обвинувањата од опозицијата дека премиерот Никола Груевски зел еден ипол милион евра црни пари од продажбата на Македoнска банка, не изнeнадува велат познавачите.

Провладините медиуми во континуитет години наназад објавуваат тоа што сакаат или тоа што им е наложено и веќе е познато до кое дереџе е дојдено македонското новинарство, но јавниот сервис не смее тоа да си го дозволи, коментираат познавачите по аферата која ја објави претседателот на СДСМ Зоран Заев. Најголемиот дел од медиумите решија да ги премолчат обвинувањата од опозицијата дека премиерот Никола Груевски зел еден ипол милион евра црни пари од продажбата на Македoнска банка.
Тоа првпат го слушам од вас, меѓутоа медиумите се знае од која страна се, кој ги финансира.


Граѓаните кои ги анкетиравме или не слушнале за аферата или не сакаат да коментираат.

„Не сум запознаен, едноставно не сум слушнал. Не сум приметил по телевизиите. Но за други работи што се напаѓаат, на пример дека првиот круг од претседателските избори дека е наместен, тоа сум слушнал.“

„Тоа првпат го слушам од вас, меѓутоа медиумите се знае од која страна се, кој ги финансира.“

„Не сме слушнале, политика не ме интересира“, велат анкетираните граѓани.
Не е времето кога беше само Нова Македонија или Македонска телевизија, па можеше да се каже ако тие не објавиле, не се случило.

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека не е изненаден што комерцијалните телевизии не известуваа за аферата, бидејќи тие имаат свои интереси и се под големо влијание од бизнис фелата и владата. Но, тој е изненаден од односот на јавниот сервис.

„Јавниот сервис мора да ги објави тие работи, тоа му е обврска, бидејќи тој не е државне, не е владин, тој е јавен, општествен сервис. Не ме изннадува што комерцијалните медиуми не го објавија, сметам дека тие работи требаше да се објават, но има некоја позадина, веројатно онаа што сите го знаат, дека тие се диригираат од еден центар, иако професионалниот однос налага тие работи да бидат објавени.“

Според Адамчевски смешно е да се објавуваат деманти, а притоа аферата претходно да не биде објавена. Но, тој смета дека во денешно време на масовни медиуми ништо не може да се скрие од граѓаните.

„Не е времето кога беше само Нова Македонија или Македонска телевизија, па можеше да се каже ако тие не објавиле, не се случило. Сега имаме медиуми кои сепак професионално си ја вршат работам, ја објавија таа вест, има и голем број портали, така да мрежата си го направи своето, ништо денеска не може да се скрие, така што очигледно е дека владините телевизии или они наклонети кон власта не објават не значи дека народот нема да ја дознае таа вест.“

Адамчевски порачува дека за неколку години работите целосно ќе излезат на виделина и потоа ќе биде потребно многу време за да се подобрат состојбите во новинарството.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG