Достапни линкови

На лидерот на кримските татари му е забранет влезот на Крим


На лидерот на кримските татари Мустафа Џемилев, му е забранет влез на Крим во рок од 5 години. Оваа одлука му била соопштена денеска, само три дена откако Џемилев беше кратко задржан на контролен пункт при влез на Крим. Џемилев ја обвини новата про-руска влада на Крим дека води кампања за репресија на кримските татари, по руската анексија на полуостровот. Тој додаде дека многумина татари биле отпуштени од работа откако одбиле да земат руски пасоши.
XS
SM
MD
LG