Достапни линкови

Манчестер Јунајтед го отпушти Моес


Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска соопшти дека Дејвид Моес го напушта клубот. На сајтот на клубот е соопштено дека му искажуваат благодарност за напорната работа и за чесноста. Манчестер Јунајтед ја има најлошата сезона од 1991-ва година. На местото на Моес, во последните три кола од англиското првенство, веројатно ќе дојде долго-годишниот играч Рајан Гигс. Холанѓанецот Луис Ван Гал е најголемиот фаворит на медиумите за превземање на кормилото на Манчестер Јунајтед по завршувањето на оваа сезона. Инаку, Моес стана тренер на Манчестер, на препорака од Алекс Фергусон.
XS
SM
MD
LG